590
Утрово во Кавадарци полицајците ги евидентирале по име и презиме сите членови на СОНК коишто влегувале во автобусот со кој треба да стигнат на скопскиот протест пред Министерството за образование, информираат од Синдикатот на просветарите.
Протестот е најавен за денеска симболично во 5 минути до 12 часот пред министерството кое се наоѓа во зградата на поранешното НИП „Нова Македонија“ во центарот на Скопје.
Еден од синдикалните лидери Дојчин Цветановски за „Фокус“ вели и дека вчера попладне од триесетина автобуси колку што биле ангажирани за превоз на синдикалците од внатрешноста до Скопје, газдите на превозниците откажале дури дваесетина автобуси од повеќе градови низ Македонија.