341
Синоќа во полициската станица во Карпош било пријавено дека маж со спутени панталони се самозадоволува пред минувачи на булеварот „Партизански одреди“.
Настанот се случил околу 20.45 часот. 25-годишната Ј.Т. која пријавиле во полиција, рекла дека непознато лице со спуштени панталони се самозадоволува пред присутните граѓани. Во еден момент лицето седнало на клупа на автобуска постојка и ги вознемирило присутните.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.