Студенти од УКИМ на практична работа во Алкалоид

by Fokus

Меморандум за соработка за програмата за практиканство потпиша денеска компанијата „Алкалоид“ со фармацевтскиот факултет и институтот за хемија на природно-математичкиот факултет при  скопскиот универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Генералниот директор  на „Алкалоид “, Живко Мукаетов рече дека сакаат да им дадат шанса на студентите многу порано да влезат во рамките на работењето на компанијата. Очекуваат развојот на практиканството да  им овозможи на студентите подобро да се вклопат на пазарот на трудот и полесно да создаваат визија за својот кариерен развој.

„Реализацијата на проектот ќе започне од 1. јуни кога во програмата ќе бидат вклучени  од 10 до 15 студенти и ќе трае три месеци, а потоа ќе одиме чекор по чекор. Во практичната работа ќе бидат вклучени студенти од трета и четврта година на овие Факултети. Дел од нив ќе работат во стратегија и развој, а дел во регулација за подготвување на документи“, изјави Мукаетов.

Поврзани новости