521
По убиството на Вања, полицијата треба да го отвори и случајот со малата Билјана, чие киднапирање и убиство има многу сличноста, а виновникот никогаш не е пронајден, смета пензионираниот полициски началник Љубомир Ѓурчевски.
Во гостување на ЕМ ТВ, тој ја посочи Билјана Србиновска во 1989 година била киднапирана на сличен начин како и Вања, односно од влезот на зграда во Карпош 2 од воената кула, каде што живеела, или во непосредна близина, додека нејзиното тело било пронајдено исто така во атарот на селото Бразда.
Тој вели дека полицијата треба да го отвори и тој случај, со оглед на тоа што случајот е сличен како случајот со Вања, со цел да се утврди дали има поврзаност на сега осомничените.