Кордон полицајци е распореден пред штабот на опозициската коалиција „Вреди“ чиј кандидат за претседател е Арбен Таравари додека ДУИ излегува и слави победа пред штабот на опозициската партија на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.
Новинарските екипи се преместени од штабот на опозициската коалиција во канцелариите на Демократското движење на Изет Меџити.
На плоштадот присутни биле и Артан Груби и Назим Буши.
-Чаир се ослободи, европска Македонија победи. Со сите тие опструкции, со сите тие коалиции за уништување на ОВК, ДУИ и Али Ахмети, гласачите одлучија за ДУИ и Али Ахмети, оваа победа ќе биде удвоена на 8 мај. Оваа победа ќе биде гаранција за европска Македонија. Ние сме на нашиот плоштад, овој плоштад го изградија Али Ахмети и УЧК. И ова не е провокација, рекол Груби.