858
Полицајците Сашо Тасевски, Ацо Ангеловски и Љупчо Јаневиќ, кои на „крвавиот четврток“ на 27 април ги бранеа Зоран Заев и другите пратеници од парламентарното мнозинство, добија признанија од МВР на Денот на македонската полиција што беше организирано на стадионот во Штип.
По смената на власта, Тасевски беше назначен за началник на Одделот за обезбедување, или т.н. Шеста управа во МВР, Ангеловски беше поставен на чело на Секторот за превентивно обезбедување во МВР, а Јаневиќ началник на Единицата за обезбедување на Зоран Заев.
На стадионот во Штип се обратија премиерот Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по што пред публиката се изведуваа показни вежби и беа претставувани опрема и реквизити.