392
Дел од полицајците со удари со штитовите и со нозе повредиле неколку демонстранти пред владата, но повредите не се сериозни.
Ова во велат дел од демонстрантите, кои излегоа пред владината зграда да го изразат револтот од обидот на власта да ја сокрие вистината околу убиството на Мартин Нешковски пред 4 години.
Опозицијата објави аудиоматеријали, според кои осудениот за убиството Игор Спасов бил повикан кобната ноќ на служба усно од Дејан Митровски – Урко, кој неколку дена ја скриел вистината дури и од неговите надредени, а тие, пак, на крајот го штителе него.