Полицајци нападнати откако добиле пријава за пуштање гласна музика од угостителски објект

by fokus

Двајца полициски службеници биле физички нападнати пред угостителски објект на ул. „Црвена скопска општина“, поради пријава за нарушување на јавниот ред и мир со пуштање гласна музика.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.Б.(51), В.Н.(30) и А.Д.(26), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 24.08.2018 година околу 01.15 часот пред угостителски објект на улица „Црвена скопска општина“ во Скопје, пријавените физички нападнале двајца полициски службеници кои преземале мерки по пријава за нарушување на јавниот ред и мир со пуштање гласна музика“, соопштува МВР.

Поврзани новости