Полицајци малтретирале и повредиле 18-годишник при апсење, покрената дисциплинска постапка против нив

by fokus

Двајца полициски службеници се суспендирани и против нив е покрената дициплинска постапка за малтретирање на 18-годишник врз кој примениле несразмерна сила затоа што пружил отпор при апсење. Кривична пријава е покрената против 39-годишниот С.С. д село Подгорци, струшко и 47-годишниот Г.К. од село Пештани, охридско, полициски службеници во Полициската станица Охрид. Се товарат за „малтретирање во вршење на службата”  и  „тешка телесна повреда”.

„На 21.07.2018 година околу 04.00 часот на улица „7-ми Ноември“ во Охрид, при преземање на службени дејствија во врска со претходно пријавен настан, пријавените примениле средства за присилба при лишување од слобода на Б.Н.(18) од Охрид поради давање на отпор од него. Притоа, пријавените средствата за присилба ги употребиле несразмерно и неправилно и на Б.Н. му нанеле тешка телесна повреда. Против осомничените полициски службеници поведена е дисциплинска постапка пред надлежната комисија за сторено потешко кршење на работниот ред и дисциплина и истите се отстранети од работното место до завршување на постапката“, велат од полицијата.

Поврзани новости