Полицајци и пожарникари три часа трагаат по маж кој паднал во Вардар

by fokus
Припадници на полицијата и пожарникари повеќе од три часа трагаат по маж кој паднал во водите на Вардар на излезот од Гостивар.
Гостиварец во полиција пријавил дека околу 16 часот во близина на селото Мало Турчане забележал тело на маж кое го носела водата. Тој се обидел да го извлече, но не успеал. Во близина на селото Балиндол го изгубил од вид по што била повикана полицијата и пожарникари.
Засега е непознат идентитетот на мажот, а потрагата е интезивирана.

Поврзани новости