Полицаецот Саше М. снимал демонстранти за Чавков?

by Фокус
Лицето кое синоќа ги снимаше демонстрантите на протестот против аболицијата на Иванов е вработено во специјалната единица за брзо распоредување на МВР. Според нашите извори станува збор за полицаецот Саше М. кој извршува одговорна функција во единицата. Нејасно им е на многумина како толкав професионалец бил задолжен да ги снима демонстрантите и по чија наредба? И дали тоа спаѓа во неговиот опис на работни задачи?
Сега тоа што треба да го истражи министерот Оливер Спасовски е дали Саше бил на работа во тоа време, која смена ја извршувал, од колку до колку саат бил ангажиран и кого? Тоа, велат упатените, се прави со лесна проверка на Книгата за евиденција за да се види каде бил испратен полицаецот, што сработил, каква белешка поднел после работните задачи, дали евидентирал дека бил нападнат од граѓаните кои го забележале како тајно снима?
Исто така, преку Секторот за внатрешна контрола на МВР може да се изврши посета во единицата на Саше и да се открие кој го пратил, кој му ја доверил задачата, за какви потреби биле снимките од протестите? Ако нешто се знае тоа е лагата која на пристуните им ја кажа полицаецот- дека приватно снимал и материјалите ги продавал на странски телевизии, како ББЦ или Алџезеира, кои патем, имаат свои сниматели и новинари во Македонија или во регионот.
Но, за да се извлече од поголем инциднет тој ја искористи ситуацијата за да излаже и да дефокусира дека снима за странски телевизии. Како и да е, идентититетот на полицаецот е познат и сега останува само една внатрешна истрага да открие за кого снимал специјалецот Саше и кој ангажира такви припадници за снимање на демонстрантите?
Инаку, Саше на протестот пред МРТВ беше забележан како тајно снима, но по реакцијата на неколкумина демонстранти од Шарената револузија, тој се повлече зад кордонот и се оправда дека приватно работи.
Да потсетиме дека дополнителниот заменик министер од ВМРО ДПМНЕ, Чавков самиот јавно призна и се закани дека полицијата снима и ќе гони кривично.

Поврзани новости