Од СВР Велес информираат дека синоќа околу 18.00 чaсот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, бил прегазен полицаец од автомобил.
Како што појасни портпаролот Верољуб Додевски, пешакот од ударот се здобил со телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница – Велес и по укажаната медицинска помош бил пуштен на домашно лекување.
-За време на увидот, околу 18.30 чaсот, полициски службеник, додека вршел обезбедување на местото, бил удрен од патничко возило „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управуван од А.Н.(45) од Велес. Од ударот полицискиот службеник се здобил со телесни повреди и со службено возило бил пренесен во Општата болница Велес. По укажаната помош тој бил пуштен на домашно лекување, појасни Додевски.
Екипи на СВР Велес извршиле увид на местото на настанот, информира Додевски.