Полицаец играл нинтендо на должност и добил необична казна

by Fokus

Полицаец во Јапонија имал многу проблеми на работа поради неговото хоби.

Тој додека бил на должност, времето го поминал играјќи Nintendo Switch.

Конзолата ја чувал во просторија за одмор, а била откриена при неодамнешна инспекција, и тоа поврзана со телевизор.

Како што подоцна покажала истрагата, овој полицаец дури 17 часа играл Nintendo Switch, а во своја одбрана рекол дека тоа го направил „само кога има малку инциденти“.

Полициската станица Тенри соопшти дека овој службеник ќе биде казнет, ​​а на прилично необичен начин – од платата ќе му биде одбиено онолку, колку што би заработил за 17 часа, бидејќи толку играл Нинтендо.

Поврзани новости