51
Полицаец во Јапонија имал многу проблеми на работа поради неговото хоби.
Тој додека бил на должност, времето го поминал играјќи Nintendo Switch.
Конзолата ја чувал во просторија за одмор, а била откриена при неодамнешна инспекција, и тоа поврзана со телевизор.
Како што подоцна покажала истрагата, овој полицаец дури 17 часа играл Nintendo Switch, а во своја одбрана рекол дека тоа го направил „само кога има малку инциденти“.
Полициската станица Тенри соопшти дека овој службеник ќе биде казнет, а на прилично необичен начин – од платата ќе му биде одбиено онолку, колку што би заработил за 17 часа, бидејќи толку играл Нинтендо.