501
Откако забележале две лица како се тепаат пред угостителски објект во Тетово вчера по полноќ, полициски службеници се обиделе да ги спречат, но едно од нив нападнало и полициски службеник.
Како што соопшти полицијата, напаѓачот било приведен во СВР-Тетово, каде било утврдено дека се работи за М.Н. (29) од Тетово.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.