599
Од МВР информираа дека полицаец вработен во СВР Скопје е парично казнет, бидејќи како што наведуваат, без претходна согласност, дал снимена изјава за телевизија.
Негови двајца колеги, пак, ја заработиле истата дисциплинска мерка бидејќи со службеното возило превезувале девојки, а едниот од нив се опуштил уште повеќе, па испил и некоја чашка алкохол.
Останатите казнети полицајци направиле различни прекршоци. Дел не се појавиле три дена на работа, некои не пријавиле кривично дело, а еден од нив во униформа отишол да бара виза во Амбасадата на САД, а згора на се приложил и фалсификувана банкарска документација.