766
Бугарија нема да дозволи старт на пристапните преговори, пишува реномираниот европски портал Политико.
Според медиумот, бугарската влада испратила циркуларно писмо до земјите членки на ЕУ, во кое се објаснува позицијата на официјална Софија.
Антибугарска идеологија која е поддржана од власта е главната причина за резервираноста на Бугарија, пишува Политико.
Во бугарскиот документ, според медиумот, се наведува дека македонските власти не сториле доволно за подобрување на меѓусоседските односи и спречувањето на говор на омраза кон соседот.
Преговарачката рамка денеска прв пат се најде пред ЕУ амбасадорите во Брисел.