Најстариот српски весник, белградска „Политика“ минатиот четврток го реобјави политичкиот тестамент, на како што тврди медиумот, големиот пријател на Србија Др Рудолф Арчибалд Рајс напишан во 1928 година. Германец по потекло, Рајс студирал во Швајцарија а во Белград со свои пари основал катедра за криминалистика каде во 1918 година станал професор. Текстот „Слушајте Срби“ го напишал една година пред смртта и во него им дал совети на, како што самиот нотирал, неговите пријатели – Србите. Претежно тој ги критикувал српските политичари кои според него повеќето биле „корумпирани лопови“.
Меѓу другото, во обемниот текст од дваесетина страници Рајс ги предупредувал Србите дека може да ја изгубат Македонија, како што тој тогаш ја нарекувал – Јужна Србија. Ова се извадоци од политичкиот тестамент кои се однесуваат на Македонија:
„Ако вашите политичари продолжат по овој пат повторно ќе ја изгубите земјата на старата српска култура, Македонија или како што денеска се нарекува Јужна Србија, која сте ја вратиле со жртвување на најдобрите синови на татковината. Кога српската војска (и тоа само војската) ја ослободи таа колевка на Србија, таму наиде на земја во која скоро секој камен е полн со сеќавањата на некогашната српска големина, меѓутоа таму затекна и жители кои поради претрпеното духовно угнетување станале национално безлични. Тие жители барале само едно: конечно слободно и во целосна сигурност да заработуваат за леб. Нацијата која би им го направила тој добар чин за десет години би ги асимилирала, па макар била и кинеска. На сета среќа биле ослободени од браќата. Војската ја извршила задачата во целост, а редот бил на владата, на политичарите и на пратениците да го завршат својот дел и одново да ги национализираат тие повторно најдени браќа кои ја заборавиле својата националност. Во што се состоеше таа задача? Едноставно, во следново: со мудро управување, кое би го спроведувале најдобрите чиновници, да им ја покажат на жителите на Јужна Србија предноста што повторно се со своите браќа, и истите тие луѓе повторно да ја засакааат пронајдената татковина откривајќи сѐ што е убаво и обединувачко во таа заедничка татковина.
Меѓутоа, што направија вашите политичари? Баш спротивното. Ги пратија во Јужна Србија сите најлоши службеници, безобразници и лопови. Тие не ни се обиделе од Македонците да направат Срби или Југословени, како што сега се вели, туку од нив сакале да створат припадници на политичките партии. На грбот на тие луѓе, кои бараа само мир, им „лепеа“ етикети на „радикали“ и на „демократи“ и т.н. и во таа земја, која морала да им биде света, ги пренеле своите одвратни партиски битки… Македонците се луѓе како и другите и сигурно се паметни и како луѓето од Стара Србија. Затоа тие ја сфатија играта на вашите политичари, многу валканата игра, па во нив се зачна голем презир кон вас…
Бидејќи Македонците кај Србите не го најдоа она што го сакаа сега тоа го бараат на друго место, бугарската пропаганда вешто ја истури паролата за автономна Македонија, ги заведе со таа идеја, и сака да ја спроведе. Како што времето си го направи своето и донесе заборав, некои сега веруваат дека единствено Бугарија може да им осигура мирен и спокоен живот по кој трагале со години…
Како што добро знаете, бугарската пропаганда стекна многу симпатти за бугарска Македонија во многу големи земји: во Англија, поготово во Америка, но и донекаде во Франција. Кога експолдираа балканските војни, па потоа уште пожешко светската војна, Бугарија се најде во таборот на непријателите. По победата, повторно на Србија ја доделија Јужна Србија бидејќи сојузниците, од пристојност не можеле поинаку да постапуваат. Значи, се прифаќа дека македонското прашање веќе не постои, ама има најава дека и натаму ќе се следи развојот на ситуацијата и дека во прва прилика тоа може да дојде на дневен ред. Доколку вашата влада постапувшае како што треба и во целост го асимилираше населението, така што влијаниијата од надвор немаше да делуваат, десет година по војната саканата шанса за интервенција би била конечно изгубена. Меѓутоа, како што веќе покажав, вашите партиски политичари ја спречија таа асимилација, па бугарофилите од Англија, Америка и од другите земји велат:
„Во овие десет години покажавте дека сте неспоспобни да ги асимилирате македонските жители и дека тие не се ваши. Вратете ја земјата на оние кои се вистинските браќа на Македонците, вратете ја на Бугарите„