По школото „Александар Македонски“, во Аеродром Универзитет „Сизиф“ и кино „Хомер“

by lali 20:19
20:19

Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски откако го изгради основното училиште „Александар Македонски“ продолжи да создава нови образовни институции со антички шмек. Тој вчера го промовираше универзитетот „Сизиф“ којшто е лоциран во неговата општина на вештачкиот рид што локалната самоуправа го градеше пет години.

Коневски објасни дека ова ќе биде најдобрата опција за младите, додека по социјалните мрежи се шегуваа дека таму никој нема да заврши факултет поради називот на универзитетот. Сизиф е лик од грчката митологија кој е осуден постојано да го бутка каменот до врвот за потоа карпата повторно да му се стркала.

- Advertisements -

Градоначалникот пред еден месец новото ултрамодерно кино го крсти „Хомер“, по слепиот автор на „Илијада“ и на „Одисеја“, додека новата амбуланта го доби името „Ахил“. Во подготовка е и Социјалниот општински центар за еднакви можности „Давид и Голијат“.

– Од догодина кошаркарите на МЗТ ќе играат по апостолки со воздушни перничиња – гордо најави градоначалникот на една од најголемите скопски општини која од догодина ќе се нарекува Херонеја.

disklejmer

Поврзани новости