346
Нова рунда преговори утрово имаа работните групи на политичките партии, кои дискутираа за реформите во медиумите коишто произлегуваат од Договорот од Пржино.
Од канцеларијата на белгискиот посредник Питер ван Хауте на денешната средба не се повикани претставници на еснафските здруженија, иако тоа вчера го побараа преку протест. Останува праксата преговорите да се водат меѓу партиските претставници, а медиумите повремено да се информираат за тоа што се зборува.