384
Со почетокот од 11 часот, денеска започнуваат средбите меѓу политичките лидери во Брисел, кои, со помош на еврокомесарот Јоханес Хан и европратеникот Иво Вајгл, треба да се обидат да дојдат до конечно решение за надминување на политичката криза, откако во Скопје беше постигнат извесен напредок во преговорите.
Како што информира МИА, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, прво ќе имаат одвоени средби со Хан, по што на заедничка средба треба да им се придружи и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Во придружба на Груевски треба да бидат Никола Димитров и Никола Тодоров, а во делегацијата на Заев Радмила Шекеринска и Рената Дескоска.