Српската политичарка Ана Гроздановиќ, членка на главниот одбор на Социјалистичката партија на Србија (СПС) решила на необичен начин да израдува 30 свои сограѓани, жители на Ниш, така што ќе им подари забни протези.
Веста за несекојдневниот подарок ја објавила на својата страница, со порака до заинтересираните, дека станува збор за протеза со најквалитетни импланти со доживотна гаранција, и се радувала што 30 лица ќе имаат поголем мотив повеќе да се смеат.
Гроздановиќ е активна на политичката сцена во Србија неколку години наназад, а по професија е правник. Пред да влезе во политика и стане дел од тимот на Ивица Дачиќ, работела како фризерка и шминкерка.
Го привлече вниманието на јавноста поради својот атрактивен изглед, а неодамна за тамошните медиуми изјави дека планира да се занимава со заштита на мажите и ќе формира форум кој ќе биде посветен на мажите на кои им е потребна заштита.
Зад себе има еден брак и малолетно дете, а летово за српските медиуми откри дека е во врска со Никола Васиљевиќ, голманот на Црвена Ѕвезда.
Вики Клинчарова