Полињата во Кочанско во пламен, пожарникарите гневни на земјоделците

by Fokus

Територијалната противпожарна единица од Кочани во последните два дена интервенира и по десетина пати дневно за гаснење пожари на отворен простор, предизвикани од палењето на стрништата во нивите.

„Само вчера имавме четири интервенции во исто време на земјоделски парцели на различни локации и се соочивме со силен оган предизвикан од запалени стрништа. Пожарите, помогнати од ветерот, брзо се проширија на поголема површина и беа општа опасност за куќите и помошните објекти во селата Прибачево, Грдовци, Мојанци и Кучичино. Со наточовечки напори успеавме ситуацијата да ја ставиме под контрола на сите места, но масовното палење на стрништата мора да запре. Во спротивно, неодговорноста на земјоделците ќе ја загрози безбедноста и на луѓето и на материјалните добра, а ја нарушува и животната средина“, истакна Владо Јефтимов, заменик командир на ТППЕ – Кочани.

Поврзани новости