Полека но сигурно Европскиот фронт почнува да се расцепкува, вели Меџити

by Fokus

Вицепремиерот Изет Меџити во врска со политичките случувања во државата и потребата за одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори во текот на 2025 година истакна дека не гледа никаква потреба од одржување на двојни избори.

Според Меџити Владата има амбициозна Програма пред себе и за тоа има добиено поддршка од 78 пратеници, кои за брзо може да станат и 80 пратеници.

Меџити потенцира дека ВРЕДИ не стравува од избори, но мисли дека овие теми се дневна политика за задржување на вниманието на членството на ДУИ кое секојдневно ги напушта.

„Полека но сигурно Европскиот фронт почнува да се расцепкува. Едниот лево, другиот десно. Активностите ги прават поединечно. ДУИ на една страна, ДПА некаде, Алијанса на друга страна. На пресовите се поделини и кога излегуваат во јавност не знаат како тоа да се прикаже дали како Европски фронт или како политички партии.“ вели тој.

Вицепремиерот Меџити во врска со прашањето за предвремени избори истакна дека Владата е стабилна и има 78 пратеници со тенденција да стигне до 80 пратеници.

„Владата има 2/3 мнозинство. Имаме програма на Владата пред себе. Сме се нафатиле на тоа што беше фокус на Владата. Не гледам никаква смисла. Далеку се изборите, дури и локалните избори се далеку ние да отвориме сега тема за избори.“

Според Меџити ваквите теми се во интерес на ДУИ за да го задржат вниманието на своето членство за да не им избегаат.

Поврзани новости