554
Маж (52) е обвинет денеска за убиството на новинарката Лира Меки, која беше убиена за време на немири во северноирскиот град Лондондери во април минатата година.
Човекот е обвинет и за поседување огнено оружје со намера да загрози живот и да стане припадник на забранета организација, соопшти Полициската служба на Северна Ирска. По вчерашното апсење, се очекува утре да биде изведен пред судија.
Меки, која важеше за една од најперспективните млади новинарки беше застрелана додека професионално ги следеше немирите во областа Креган. Цел на обвинетиот маж била полицијата, но ја промашил целта и ја убил новинарката. Тој е еден од четирите лица кои беа вчера приведени во рамки на истрагата.