Македонската телевизија е една од националните институции кои се длабоко врежани во историјата на нашата држава. Како јавен сервис МТВ ја заслужува сета почит на одговорни политичари и државници. Македонската телевизија, на 26 април 2024 година, упати покани за предизборно соочување до кабинетите на кандидатите кои влегоа во вториот круг од претседателските избори, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова. Поканата од наша страна беше веднаш прифатена. За жал тимот на Пендаровски поканата ја одбил на 1 мај. Сметаме дека тоа е погрешен потег со кој на граѓаните им беше одземено правото да ги слушнат аргументите на двата кандидат во дирекно соочување на нивните програми и визии за Македонија, соопшти тимот на Силјановска-Давкова.
На вечерашната “дебата” Гордана Сиљановска-Давкова меѓудругото истакна дека:
„Мојата основна теза е не опкружувајте се со обожаватели, туку со критичари. И мене нема да ми се случи да речам за уставен судија дека бил потрчко. Оти во многу држави претеседателите ја даваат заклетвата пред уставен суд. Не можете вие за оној пред кој што одговарате да упатите квалификација, тоа не е добро не смеете ни кон премиерот ни кон лидерот на опозицијата.
Почитта и дијалогот се неопходни и затоа јас во Собрание им велам штитејќи го другиот вие се штитите себеси. Без оглед дали некој гласал за мене или не, јас сум претседателка на сите и треба да се обидам тоа да го спроведам во пракса. Кој и да управува, државата треба да функционира.
Државниот и националниот интерес за секој претседател мора да бидат алфа и омега. Јас сум чула многу луѓе однадвор кои велат дека нема проблем да се усвојат уставните измени. Вие мора да им предочите дека ако во оваа држава над 70% од граѓаните не се за ова решение тоа во стартот ве делегитимира, оти вие не се кандидирате за некоја од Европските институции.”
Конечно, би сакале да го потсетиме господинот Стево Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, и го повикуваме да се одважи и да се претстави пред граѓаните на Македонија. Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите“ порача Силјановска-Давкова.