727
Големиот број жртви и мртвите тела на улиците во опколениот украински град Мариупол доведоа до масовни погребувања, тврди заменик градоначалникот Сергеј Орлов.
Откако руските сили ја нападнаа Украина, најмалку 1.170 лица се убиени во Мариупол, рече Орлов, додавајќи дека „47 се закопани во масовна гробница“.
Украина претходно соопшти дека во вчерашниот руски воздушен напад погодени се детска болница и породилиште во градот, при што се повредени 17 луѓе.
Орлов дополни дека уништена е градската инфраструктура за греење, електрична енергија, вода и комуникациите, а локалното население го топи снегот за вода за пиење.