Погодени аеродромите во Дамаск и Алепо во израелските воздушни напади

by fokus

Израел утринава изврши ракетни напади врз меѓународните аеродроми во Дамаск и Алепо и ги онеспособи, јавија сириските државни медиуми. Во нападот загинал еден цивилен работник.

-Околу 05:25 часот, израелскиот непријател изврши воздушен напад врз меѓународните аеродроми во Дамаск и Алепо, при што загина еден вработен на аеродромот во Дамаск, а друг е ранет, изјави сириски воен извор, цитиран од официјалната сириска новинска агенција САНА.

Редовните летови до и од аеродромите во Дамаск и Алепо се пренасочени кон меѓународниот аеродром во Латакија, соопшти сириското Министерство за транспорт.

Поврзани новости