575
Поглаварот на Руската православна црква Кирил во денешната проповед им се обрати на граѓаните опфатени со делумната мобилизација, порачувајќи им да не се плашат за загинат за татковината.
-Црквата признава дека ако некој, поттикнат од чувство на должност и од потребата да ја исполни својата заклетва и да остане верен на неговиот повик, умре во исполнување на својата должност, тоа несомнено ќе биде чин на жртва. Оваа жртва ги измива сите направени гревови – рече тој.
Последниве денови рускиот поглавар неколку пати ги повика верниците да се пријават во војна.
-Одете храбро да ја извршите својата воена должност. И запомнете дека ако умрете за својата земја, ќе бидете со Бога во неговото царство – им вели Кирил на верниците.