Шпанскиот премиер Санчез е заразен со коронавирус

by Фокус

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека е заразен со коронавирус и додаде дека ќе продолжи да работи со сите мерки на претпазливост.

„Утрово ги добив резултатите од тестот за коронавирус. Јас сум позитивен. Ќе продолжам да работам со сите мерки на претпазливост“, напиша Санчез на Твитер.

Шпанскиот премиер беше заразен два дена по враќањето од Њујорк, каде учествуваше на седницата на Генералното собрание на ОН и се сретна со бројни светски претставници.

Поврзани новости