Српскиот патријарх Порфириј и македонскиот архиепископ Стефан в четврток ќе одржат заедничка литургија во храмот „Свети Сава“ во Белград, објави српската новинска агенција Танјуг. Литургијата треба да почне во 9 часот, а ќе сослужуваат сите архијереји од двете цркви.
Ова следува откако Соборот на Српската православна црква вчера соопшти дека за Македонската православна црква го прифаќа статусот на најширока можна автономија односно целосна внатрешна независност, кој ѝ бил доделен уште во 1959 година.
СПЦ го изнесе ставот откако на 9 мај Вселенската патријаршија за признавање на црковната јерархија на Охридската архиепископија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет.
Тогаш во соопштението Вселенската патријаршија наведе и дека се остава на најсветата црква на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и црквата во Северна Македонија, во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание.