432
Од ноќеска на полноќ цената на дизелот се намалува за два и пол денари и ќе се продава по 76 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), а за два денари се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство кое од полноќ ќе чини 75 денари за литар.
Па така, литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 82 денари, еуросупер БС-98 ќе чини 84 денари за литар, а мазутот ќе се продава по 41,411 денари за килограм.