Поефтина струја за производителите на храна

by Фокус

Со пониски цени од 100 евра за мегават час, Владата ќе го помага бизнисот и ќе ги намалува цените на храната. Компаниите сега прават пресметки колку ќе можат да ги намалат цените на прехранбените производи. Помошта за поефтини сметки за струја доаѓа во време кога производителите најавија ново зголемување на млекото и млечните производи, како и лебот и брашното.

Како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши, доколку има злоупотреби од страна на трговците, не се исклучува и замрзнување на цените на основните производи.

-Во формирање на цена на одреден производ има низа инпути. Еден од тие е и цената на електричната енергија. Во делот на инпутот на електрична енергија тоа што моментално го имаат ќе биде дупло пониска и согласно таа формулација ќе бидат најверојатно намалени и цените на производите. Ние имаме механизми како Влада, ако тоа се злоупотреби можеме директно да донесеме одредени одлуки, согласно кризната за замрзнување на цените – рече Бектеши.

Тој најави дека листата на компании кои ќе добиваат струја од ЕСМ продажба може и да се прошири со фирми од месната индустрија.

Инаку компаниите ќе добијат и пониска струја кога од ноември во систем ќе се приклучи и ТЕ-ТО кој ќе произведува струја за бизнисот, но и топлинска енергија за скопјани.

Поврзани новости