Висок украински функционер денеска ја отфрли можноста за мировни преговори со Москва доколку Русија не се повлече од Украина, повторувајќи го претходниот став на Киев пред почетокот на меѓународната безбедносна конференција во Минхен, на која главна тема ќе биде војната.
„За декриминализација на глобалната политика и вистинска глобална безбедност, војната мора да заврши со победа на Украина“, напиша на Твитер, Михајло Подољак, политички советник на претседателот Володимир Зеленски.
„Преговорите може да започнат кога Русија ќе ги повлече своите трупи од територијата на Украина. Другите опции и даваат само време на Русија да се прегрупира и да продолжи со непријателствата во секое време“, додаде Подољак.
Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и американската потпретседателка Камала Харис се меѓу многуте високи функционери кои присуствуваата на безбедносната конференција во Минхен.