Подољак: Помошта од Северна Македонија нема да ја заборавиме!

by Fokus

Советникот на украинскиот претседател, Володомир Зеленски, Михаил Подољак се заблагодари на донацијата што Украина ја доби од Македонија, во време кога Украина се соочува со војна која трае веќе неколку месеци.

„Пријателот се познава во неволја. Не е важно со каква големина е твојата земја, важно е какво е срцето. Многу народи денес ќе покажат повеќе храброст од половина од Г20, како Северна Македонија, која ѝ пружи помош на Украина Ние никогаш нема да го заборавиме ова“ напиша Подољак.

Поврзани новости