Ердоган откри како ќе го плаќа рускиот гас

by Fokus

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган денеска, по враќањето од Сочи, изјави дека Турција ќе го плаќа рускиот гас во рубљи.

– Позитивен аспект од нашата посета на Сочи е договорот со господинот (рускиот претседател Владимир) Путин за плаќање во рубљи, изјави Ердоган на новинарите по враќањето од Сочи каде што се сретна со Путин.

Двајцата претседатели се договориле испораките на руски гас за Турција „делумно да се плаќаат во рубљи“, соопшти синоќа вицепремиерот на Русија, Александар Новак.

Поврзани новости