Подобрен пристап до правна помош

by Fokus 13:27
13:27

Подобрувањето на квалитетот на правдата и обезбедувањето пристап до бесплатна правна помош за сиромашните е од исклучителна важност за граѓаните на Северна Македонија и е еден од клучните приоритети на Европската унија и Советот на Европа.

Новиот Закон за бесплатна правна помош започна со примена на 1-ви октомври 2019 година има за цел да се обезбеди и промовира правото на поединците на пристап до правда и правична судска заштита. Бесплатната правна помош е право на лицата кои се во тешка материјална положба да имаат пристап до правна помош и да бидат ослободени од плаќање на трошоци за водење на одредени постапки. Бесплатната правна помош се остварува во услови и постапка утврдени со законот.

Бесплатната правна помош се остварува како примарна и секундарна правна помош. Примарната правна помош опфаќа правно информирање, советување, помош при пополнување на формулари и претставки и се обезбедува од страна на овластени службени лица на Министерството за правда, овластени здруженија и правни клиники.

Секундарна правна помош опфаќа помош за лица на кои им е потребна правна помош за водење судски или  управни постапкиТаа вклучува правна помош од адвокат за застапување и составување на писмено барање, ослободување од судски такси и трошоци поврзани со постапката пред суд и ослободување од трошоците за вештачење. Секундарната правна помош даваат адвокати запишани во Регистарот на адвокати за секундарна правна помош.  Граѓаните имаат право да добијат секундарна правна помош доколку поради својата финансиска состојба не можат да ги остварат со Устав и со закон своите загарантираните права, без да го загрозат сопственото издржување и издржувањето на членовите на своето семејство.

Проектот “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” е дел од програмата ‚‚Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019-2022ʻʻ, заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа., чијашто цел е да им се помогне на земјите-кориснички од Југоисточна Европа да ги достигнат европските стандарди и Акито на Европската унија, во рамките на процесот на проширување.

Повеќе информации можат да се најдат на веб страната на Министерството за правда

Поврзани новости