Поднесена кривична пријава против Александар Петрески

by Фокус

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник Александар Петрески за злоупотреба на службена положба и овластување.

-Осомничениот се товари дека во март 2013 година, како службено лице – градоначалник на општина Охрид, ги пречекорил границите на своето службено овластување, бидејќи во постапка за доделување договор за краткотраен закуп на паркинг простори со јавно наддавање овозможил постапката да се спроведе и избраниот понудувач да не изврши уплата на износ од 2.010.000 денари надомест за едногодишна закупнина на паркинг просторите, стои во соопштението од Јавното обвинителството.

Според Обвинителството, Петрески првично не постапил по известување на Државната изборна комисија, која побарала да се сопре постапката за јавната набавка до завршување на изборите за градоначалник и членови на Советот на општината, а потоа и со потпишување на Договорот за закуп на паркинг простор му овозможил на закупувачот корист да започне да стопанисува со паркинг просторите, предмет на објавата и постапката, без да изврши уплата на договорениот едногодишен надоместок.

 

Поврзани новости