СДСМ: Тодоров го уништи здравството, а Груевски го штити

by Фокус 12:14
12:14

Никола Тодоров го интересираат само тендери, а Никола Груевски го поддржува. Никола Тодоров и Никола Груевски напразно бараат брза помош за спас. И по фрапантните податоци за смртност на бебиња, Груевски го штити Тодоров.  Тодоров мора да даде оставка веднаш, порача повторно денеска најголемата опозициска партија.

– Тодоров и Груевски ќе одговараат за секоја жртва на системот во здравството. Во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од пресекот на земјите од Балканот и ЕУ. Смртноста на новороденчињата во Македонија е 14.4 проценти! Во општините во Македонија каде што недостигаат гинеколози, Берово, Гевгелија, Дојран… умираат до неверојатни 30 проценти од новородените бебиња!Овие фрапирачи податоци призлегуваат од научната демографска студија за зголемената смтрност на новороденчиња во Македонија, објавена деновиве – порачува најголемата опозициска партија.

- Advertisements -

СДСМ потсетува на бројните проблеми во здравството.

– Никола Тодоров досега не понесе одговорност за ниеден скандал во здравството што се случува за неговото министерување. Мајки и бебиња умираат на породување. 229 новороденчиња умреле за една година според податоци на Евростат. Се пука во лекари. Незадоволни пациенти и незадоволни лекари ја земаат правдата во свои раце што ги доведува во ризик нивните животи. Болниците се руина. Скапо набавената опрема од страна на власта или не работи или стои во кутии – тврдат од СДСМ.

Поврзани новости