Обвинителството поднесе обвинителен акт против Зоран Верушевски, првоосомничениот во акцијата „Пуч“, но не за шпионажа, туку за наводно незаконско поседување на пиштол. Во моментот неговиот адвокат Ангеле Илиевски го спрема приговорот на обвинението, кое било напишано едвај на една страна.
Адвокатот Илиевски претходно пред јавноста образложи дека Верушевски има оправдување за двата пиштоли, а за кои полицијата го товареше за недозволено поседување на оружје. Сега, обвинителството смета дека Верушевски незаконски го поседувал само службениот пиштол.
Едниот го добил во 1983-та додека вршел службена должност и е регистриран во евиденцијата на МВР и за него не треба дозвола. И вториот, вели Илиевски, е регистриран, а Верушевски го добил како награда во 1997-та од тогашниот министер за внатрешни работи Томислав Чокревски.
Останува нејасно како обвинителството ќе го поткрепи обвинението, кога Верушевски немал добиено барање од МВР да го врати пиштолот, а за тоа не е предвиден ниту временски рок. Како и да е, на Верушевски за ова обвиниение му се заканува затворска казна од 3 до 10 години.
Случајот „Пуч“ пак е во фаза на изведување на докзаите пред обвинетите, кои во текот на неделава треба да дадат искази.