841
Ракометната репрезентација на Македонија го загуби првиот натпревар на Европското првенство од Словенија. Подмладената Македонија покажа дека знае да игра ракомет и може да им парира на квалитетни репрезентации, но на крај сепак загуби со резултат 27-25.
Главната причина за поразот беа многуте технички грешки, вкупно 15 на број. Инаку, во најголем дел од наптреварот натпреварот беше во егал, а Словенците како да беа изненадени дека Македонија знае да игра ракомет и без селекторот Кирил Лазаров на теренот.
Најдобри поединци беа голманот Мартин Томовски со 13 одбрани и крилото Цветан Кузмановски со осум погодоци.