727
Пред влезот во Дебар денеска е поставен нов споменик. Не е во знакот на барокот, не е скап, но пораката е јасна – споменикот има цел да потсетува на уништените и искршени автомобили на патниот правец Маврово – Дебар, кај делницата Бошков мост.
Граѓанските активисти го изработиле споменикот од искршени и расипани автомобилски делови. Пораката што тие ја упатија преку социјалните мрежи е следната:
Поставувањето на скулптурата е дел од проектот ФОТО-ГЛАС, Центарот за современи уметности од Скопје и проектот Граѓански Активатор на организацијата Плоштад Слобода. Во иницијативата биле вклучени и жители од Дебар.