495
Против 70-годишен дебарчанец е поднесена кривична пријава за „бесправна градба“ и „узурпација на недвижности“, затоа што изгради објект покрај Дебарско езеро, на земјиште во сосптвеност на државата.
Според полицијата, М.Ц. во периодот од април до јули 2017 година, како инвеститор, на брегот на Дебарско езеро, кај с. Долно Косоврасти, зазел туѓо земјиште, односно земјиште сопственост на Република Македонија, дадено на користење на А.Д. „Дебарски бањи-Цапа“.
Пријавениот го узурпирал државното земјиште и без одобрение за градба од надлежен орган, отпочнал со градежни работи со што се стекнал со противправна имотна корист од 4.894.805 денари.