Македонската фудбалска репрезентација на 10. октомври против Словенија ги продолжува европските квалификации за пласман на ЕУРО 2020.
По триумфот над Летонија и освоениот бод на гостински терен против Израел, македонската репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со еден од главните конкуренти за висок пласман во нашата група.
„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за пламан на ЕУРО 2020.
Верните навивачи на нашата најдобра репрезентација, од понеделник, 23. септември, ќе можат да купат билет за натпреварот против Словенија преку продажната мрежа на MKTickets.
Влезници ќе можат да се купат на посебен пулт на ФФМ во Skopje City Mall и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“. Дополнително ќе ве информираме за почетокот на продажбата на билети на пултот на ФФМ во Skopje City Mall и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“.
Цената на влезниците изнесува од 50 до 200 денари.
Билет од 50 денари ќе се продава за западната трибина, додека 150 и 200 денари ќе чинат влезниците на јужна и северна трибина од Националната арена „Тодор Проески“.
Биди поддршка за македонската репрезентација #НапредМакедонија“, велат од ФФМ.