Се одложи „Талир 2“, се чека Груевски да му испрати ново полномошно на адвокатот

by fokus 12:58
12:58

Денешното рочиште за случајот „Талир 2“ се одложи, бидејќи адвокатот на Никола Груевски, Донче Наков, реагираше дека требало да добие ново полномошно од неговиот клиент, зошто предметот со преземање од редовното обвинителство го сменил бројот.

Иако обвинителката Ленче Ристоска реагираше дека станува за истиот предмет, сепак судијката го одложи рочиштето, за да како што рече се доуредат полномошната.

- Advertisements -

Адвокатите исто така реагираа дека редовното обвинителство не може да го преземе предметот од СЈО, бидејќи Законот за СЈО имал важност од уште една година, па затоа и понатаму специјалното обвинителство според нив се уште е надлежно. До неодамна пак истите адвокати ја оспоруваа надележноста на СЈО.

На наредното рочиште закажано за 15 октомври, обвинителката Ристоска предложи да се повика и претставник од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

– Со оглед дека во предметот определени се мерки за обезбедување на имот евидентиран токму на име на ВМРО-ДПМНЕ согласно Законот за кривична постапка, тие имаат право да учествуваат во постапката и предлагам за следната расправа биде повикан и нивен претставник – рече обвинителката.
В.В.

 

Поврзани новости