Врвни надворешно-политички приоритети на Македонија се зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан, за што земјата дава активен пример преку политиките на дијалог и почитување на домашен план и во добрососедските односи, истакна вечерва премиерот Димитар Ковачевски во телефонски разговор со советникот на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле.
Како што соопшти владината прес-служба, во разговорот, во присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер, Ковачевски изрази огромна благодарност до Стејт департментот за значајната поддршка од САД во сите клучни моменти и важни процеси за нашата држава, за што од големо значење е стратешкото партнерство меѓу двете земји.
„Премиерот Ковачевски и советникот на Стејт департментот Шоле разговараа за повеќе актуелни прашања, при што е оценето дека Северна Македонија е држава којашто напредува и е изразена целосна поддршка на евроинтеграциите на Република Северна Македонија, како прашање од државно, регионално и европско значење, како и очекување дека тоа е препознаено и од пошироката политичка и општествена јавност“, стои во соопшрението.