Од почетокот на мерката поврат на 15 проценти од платениот Данок на додадена вредност (ДДВ) заклучно со вчера се скенирани 16.333.516 фискални сметки и е остварен промет од 8341,449,275 денари. Повратот од 15 проценти од пресметаниот ДДВ изнесува 135,893,436 денари или 2,210,000 евра.
Кампањата „Мој ДДВ“ ја поддржа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
– Мерката дава резултати, забележано е и значително подобрување во односот на граѓаните кон нерегуларности при издавање фискални сметки. Бројот на пријави од страна на граѓаните за нерегуларности со фискални сметки е за 100 проценти поголем во однос на минатата година. Граѓаните активно бараат да им се издадат фискални сметки и со тоа учествуваат во намалувањето на сивата економија, велат од Министерството за информатичко општество и администрација.
Од почетокот на МојДДВ до почетокот на минатиот месец наплатата на ДДВ е зголемена за 10 проценти во однос на минатата година.