638
Човекот кој вчера влезе со автомобил на плоштад и се молеше пред споменикот на Цар Самоил e идентификуван и против него се преземени соодветни мерки. Станува збор за 66-годишник, кој, според полицијата, има здравствени проблеми и дека бил под дејство на алкохол.
„Преземени се мерки од страна на полициски службеници и утврдено е дека Б.С. е под дејство на алкохол и не носи документи, а сопатниците во возилото појасниле дека има здравствени проблеми. Б. С. е приведен во ПС Центар, а возилото му е задржано. Покрај тоа, изречени му се мерки за возење под дејство на алкохол, неносење возачка и сообраќајна дозвола, измината важност на возачка дозвола и движење спротивно на сообраќаен знак“, велат од МВР.