Пленковиќ: Обезбедивме 120 милиони куни, помошта да се подели правилно

by Фокус

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по завршувањето на состанокот на владиниот кабинет изрази жалење и сочувство до сите што изгубиле некој во земјотресот. Воедно, тој изјави дека обезбедиле помош од 120 милиони куни, од кои 100 милиони се за округот Сисак и 10 за округот Загреб.

-Гледам дека има голем интерес за помош, им благодарам нале сите, но јас би порачал помошта да се дистрибуира правилно, за да добијат помош оние на кои им е потребно – рече Пленковиќ, додавајќи дека тоа треба да се направи преку Црвениот крст.

Тој посочи дека останале само околу 50 од 250 пациенти во болницата во Сисак, а сите други претежно се во болниците во Загреб.

-Не можеа да останат во тие услови. Голем придонес дадоа и војниците од касарната во Петриња. Сите тие се подготвени да прифатат луѓе кои во моментов немаат покрив над главата – рече хрватскиот премиер.

Поврзани новости