Почнува зимското сметање на времето

by Fokus

Во три часот по полноќ, вечерва почнува зимското сметање на времето, односно стрелките на часовникот се враќаат еден час наназад.

Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март следната година, кога треба да почне летното сметање на времето.

Од 2021 година ќе стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија. Предлогот беше усвоен од страна на Европскиот парламент, но сепак секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

Поврзани новости